Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Списание објави фотографија од близнаците на Џорџ и Амал Клуни, парот се закани со тужба

Списание објави фотографија од близнаците на Џорџ и Амал Клуни, парот се закани со тужба

Џорџ и Амал Клуни реагираа остро на нарушувањето на нивната приватност. Откако француското списание „Voici“ објави фотографии од славниот пар со новородените близначиња, холивудската ѕвезда сподели дека подготвува тужба.

„Изминатава седмица фотографите на списанието Voici се качуваа на нашата ограда, се искачуваа на нашето дрво и незаконски направија фотографии од нашите новороденчиња во дворот на нашиот дом“ - се вели во соопштението на Клуни, кој дополнува дека ќе тужи и дека безбедноста на неговите деца го бара тоа.

На фотографијата од насловната страница, Џорџ и Амал ги држат близначињата Ела и Александар во рацете додека се шетаат на нивниот имот покрај езерото Комо во Италија.

Клуни Клуни

Клуни има многу добра основа за тужба. Во Франција, јавните личности е дозволено да бидат фотографирани само додека ја извршуваат нивната должност, додека во Италија, фотографите не смеат да сликаат на приватни имоти или да прават фотографии од лица или предмети кои се скриени од „нормална видливост“.

56-годишниот актер и 39-годишната адвокатка станаа родители пред месец и половина.

Клуни Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.