Софија Вергара и Џо Манганиело ѝ се придружија на толпата холивудски ѕвезди кои присуствуваа на 77-мото издание на „Златен глобус“.
47-годишната актерка во бордо припиен фустан позираше покрај 43-годишниот актер, со кого е во брак од 2015 година.




Креацијата која одлично ги истакна облините на атрактивната Колумбијка доаѓа од модната куќа Долче и Габана. Својот моден избор, Вергара го надополни со накит од Лорејн Шварц.






Парот подоцна се упати на забавата на InStyle и Warner Bros, организирана по повод „Златен глобус“ во Беверли Хилс.



