Софија Вергара уште еднаш ја покажа својата љубов кон модните парчиња со животински принт.
48-годишната Колумбијка изгледаше модерно додека се упатуваше на сетот на снимањето на „America’s Got Talent“ изминатиот викенд.
Едниот стилски избор на ѕвездата од „Modern Family“ се состоеше од фустан со леопардски принт од Долче и Габана. Во својот стајлинг таа додаде чанта со истиот принт и црни сандали.



Претходниот ден, славната актерка беше облечена во комбинезон со жирафа принт.





