Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сопругата на Џејми Оливер се отвори за петтиот спонтан абортус во обид за шесто дете

Сопругата на Џејми Оливер се отвори за петтиот спонтан абортус во обид за шесто дете

Џулс Оливер сподели дека имала спонтан абортус за време на карантинот.

Во интервју за „Made By Mammas“, 45-годишната сопруга на славниот готвач Џејми Оливер отворено зборуваше за својот петти абортус и за желбата да има 6-то дете пред да наполни 47 години. Со Џејми се родители на три девојчиња и две момчиња.

Џулс изгубила две бебиња пред да го роди петтото дете Ривер и три по неговото доаѓање на овој свет. Последниот нејзин спонтан абортус бил пред само три недели.

Џулс Оливер Џулс Оливер Џулс Оливер

Запрашана дали сака да има шесто дете, таа одговорила:

„Да, многу сакам, но од последниот пат кога бев тука имав три спонтани абортуси, па размислувам... последниот беше пред само три недели, па си мислам ‘Не’. Не знам. Навистина сакам, но морам да направам ментална проверка дали тоа е добра идеја. Исто така и физички, бидејќи имам 45 години... Не ми останува уште долго време, можеби уште една година, а потоа вистински ќе го затворам тоа поглавје, бидејќи сум многу среќна и исполнета во моментов. Ужасно е да посакуваш нешто, а да не можеш да го имаш.“

Џулс Оливер

„Пред неколку дена бев на доктор и ме праша како сум ментално, а јас му одговорив: ‘Па, ова е петти досега’. Имав два пред Ривер, но тие беа многу рано во бременоста. Последните два беа на шест и пол недели, но добро се справувам“ – објасни Џулс.

Минатиот месец, Џулс и Џејми прославија 20 години од нивниот брак, а во објавата таа им оддаде почит на петте бебиња кои ги загуби во утробата.

Џулс Оливер Џулс Оливер Џулс Оливер

„Создадовме 5 прекрасни деца и ги изгубивме нашите 5 ѕвездички на небото. Ти благодарам што ме сакаш на овој начин“ – напиша таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.