Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џејми Оливер призна дека им е „викенд родител“ на неговите 5 деца и поттикна дебата на интернет

Џејми Оливер призна дека им е „викенд родител“ на неговите 5 деца и поттикна дебата на интернет

Славниот готвач Џејми Оливер сподели дека ги гледа своите пет деца само неколку вечери во неделата и привлече море од коментари на социјалните мрежи.

43-годишниот кулинар во интервју за списанието „Good Housekeeping“ себеси се нарече „викенд родител“, бидејќи поради презафатеност може да биде со своето семејство само во викендите.

„Во главно сум викенд родител. Присуствувам на клучните училишни настани, но сум презафатен од понеделник до петок и вообичаено ги гледам децата само неколку вечери во текот на неделата. Среќен сум со тоа, сметам дека ним им е добро вака“ – изјави тој.

Џејми Оливер Џејми Оливер Џејми Оливер Џејми Оливер Џејми Оливер

„Во нашата куќа е хаос. На добар начин. Имате тинејџерски емоции, имате деветгодишник и имате бебе во пелени“ – шеговито додал тој.

A post shared by Jools Oliver (@joolsoliver) on

A post shared by Jools Oliver (@joolsoliver) on

Искреното признание на Оливер поттикна дебата меѓу родителите на интернет. Додека едни коментираа дека ова е нормално за модерното време и карактеристично за многу современи семејства, други го критикуваа затоа што има толку деца и покрај тоа што нема време за нив, а трети напишаа дека кога би го имале неговото богатство, би уживале со децата во годините кои нема да се вратат.

Еве дел од коментарите:

„Татко ми беше викенд татко додека растев. Никогаш не почувствував дека нешто пропуштам, бидејќи со сестра ми добивавме многу љубов и внимание кога беше покрај нас и имам многу среќни спомени. Тој работеше многу напорно за да ни обезбеди добар живот. Имам огромна почит кон татко ми“.

„Тие пораснаа во оваа рутина и не им пречи. Некои деца имаат татко покрај себе повеќе од ова, но никогаш не прават ништо со него. Животот е онаков каков што сам ќе го направиш!“

„Постојат татковци кои и покрај тоа што се дома по работа, или што воопшто не работат, не поминуваат квалитетно време со своите деца. Семејството на Џејми Оливер секогаш изгледа среќно. Оставете ги претпоставките настрана“.

„Не треба да правиме ниту еден од родителите да се чувствува виновно затоа што оди на работа“.

„Не е ли ова нормален живот за семејствата кои работат? Сигурна сум дека сите би сакале да имаме повеќе време со нашите деца, но ним исто така им треба покрив над главата, храна, облека итн. и сето тоа има цена, што значи дека мораме да работиме за нашите деца“.

„Не е ли ова нормално за повеќето родители што работат?“

„Ваков е животот на повеќето родители, но тие немаат огромно богатство како него.“

„Мојот сопруг редовно е отсутен во текот на неделата. Но, кога би биле богати како Џејми, би очекувала мојот сопруг да биде дома и да ужива во семејниот живот малку повеќе. Не можете да ги вратите овие години назад.“

„Ако не можеш да поминуваш време со твоите деца, можеби не треба да имаш толку многу.“

„Тој сега е богат, па зошто ги троши годините кои нема да се вратат за неговите деца? Откако тие ќе заминат, а тој ќе се разболи, ќе се прашува каде згрешил.“

„Децата се засекогаш, не само за викендите!“

Џејми и неговата сопруга Џулс живеат во Северен Лондон на имот вреден 8,9 милиони фунти. Тој има создадено своја кулинарска империја вредна 240 милиони фунти.

Џејми Оливер Џејми Оливер

Парот е во брак 18 години и заедно има пет деца – 16-годишната Попи, 15-годишната Дејзи, 9-годишната Петел, 7-годишниот Боди и 2-годишниот Ривер.

Џејми Оливер Џејми Оливер Џејми Оливер

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver) on

A post shared by Jools Oliver (@joolsoliver) on

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver) on

Оливер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.