Николина Ристовска со нетрпение чека да стане мајка. Сопругата на голманот Борко Ристовски сподели фотографија од трудничкото стомаче заедно со емотивна порака за бременоста и мајчинството.
„Јас сум толку променета. Телото ми е променето. Умот ми е променет. Деновите ми се поразлични од претходно. Се чувствувам поинаква и моите потреби се поразлични. Тешко е и секој ден се запознавам на друг начин. Плачам, а не знам зошто. Се шегувам за секоја ситуација за да си помогнам да издржам докрај. Имам екстра килограми и потешкотии во извршувањето на најосновните работи. Воопшто не е лесно. Чекањето на моето бебе е истовремено најтешкото и најубавото нешто кое некогаш сум го направила. Станувањето мајка те тера да сфатиш дека можеш да направиш сè. Учиш што е љубов, сфаќаш што значи животот. Се чувствувам благословена и благодарна за сè и ја гледам убавината во нешта во кои не ја гледав претходно. Не го разбираш животот сè додека не започне да расте во тебе“ – стои во описот на фотографијата на Нина.
„Многу сум возбудена што ќе ја запознам оваа мала личност која е половина јас и половина човекот кој го сакам“ – напиша Нина на Instagram.
Нина и Борко стапија во брак пред неколку недели. Парот го очекува првото дете, кое е момче и ќе го носи името на покојниот татко на Борко, Душан.
Погледнете кратко видео од нивната венчавка: