Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Смешно е што никој не ги осудува татковците“: Џон Леџенд во одбрана на критикуваната Криси Тиген

„Смешно е што никој не ги осудува татковците“: Џон Леџенд во одбрана на критикуваната Криси Тиген

Џон Леџенд покажа дека е прекрасен сопруг и дека секогаш ќе ја штити својата сакана, која постојано е мета на критики што го остава малото бебе со дадилка за да се забавува. Преку социјалните мрежи Леџенд објасни дека е смешно што сите критики се упатуваат кон мајките додека никој не ги критикува татковците. За тој потег доби многу комплименти.

37-годишната музичка ѕвезда на Twitter напиша: „Смешно е што никој не ги осудува татковците. Кога и двајцата сме излегле на вечера, критикувајте нè и двајцата за Криси да не мора да се справува со сè сама. Ќе си го поделиме“.

Пред околу една седмица, Криси Тиген објави фотографија на која среќно позира со Џон на роденденот на Џесика Алба и многумина побрзаа да ја осудат зашто ја остава новородената ќерка со дадилка за да се забавува.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Пред три дена парот беше фотографиран додека се упатуваше во ресторан во Лос Анџелес.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Претходно, 30-годишната Американка беше остро нападната што излезе на вечера со сопругот 9 дена по породувањето. Едни ја критикуваа дека прерано ја оставила својата ќерка за да оди на вечера, други со осудување споменаа дека парот со години се мачел да добие бебе, а сега го напушта прерано, трети неосновано заклучија дека Тиген не ја дои ќерката, додека четврти генерализираа дека сите славни мајки прерано ги оставаат бебињата сами дома.

Криси Тиген Криси Тиген

Тиген и Леџенд ја добија ќеркичката Луна пред речиси еден месец.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон ЛеџендКриси Тиген три недели по породувањето

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11705 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.