Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Криси Тиген мета на критики зашто излезе на вечера со сопругот 9 дена по породувањето

Криси Тиген мета на критики зашто излезе на вечера со сопругот 9 дена по породувањето

Криси Тиген излезе на вечера со својот сопруг Џон Леџенд девет дена по раѓањето на својата ќерка, но стана мета на остри критики.

Едни ја критикуваат 30-годишната Американка дека прерано ја оставила својата ќерка за да се забавува на вечера, други со осудување споменуваат дека парот со години се мачел да добие бебе, а сега го напушта прерано, трети неосновано заклучија дека Тиген не ја дои ќерката, додека четврти генерализираа дека сите славни мајки прерано ги оставаат бебињата сами дома.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген

Криси, која изгледаше прекрасно во кремово боди од Balmain, уште еднаш ја покажа својата смисла за хумор, коментирајќи ги критиките на Twitter. „Излегов на вечера. Луѓето се бесни. Добро утро!“ – напиша славниот модел на својот профил.

Криси Тиген Криси Тиген Криси Тиген

Кога беше запрашана во коментарите како е бебето Луна, Тиген се пошегува: „Не знам, не можам да ја пронајдам“.

Сепак, додека едни ја критикуваа, други не заборавија да ѝ ја изразат на Криси својата поддршка и разбирање. Една обожавателка ѝ напиша на Instagram: „Независно од тоа што правиш како мајка, секогаш ќе ти судат, независно дали си познат модел на Instagram или „просечна“ мајка која чекори по улица. Ние, мајките, треба да се поддржуваме, а не да се оцрнуваме. Се надевам дека ништо од ова не си го ставаш на срце, иако е тоа тешко кога си преплавена со хормоните на нова мајка! Ти ја испраќам мојата мајчинска поддршка, од „просечна“ австралиска мајка“.

Криси сподели со своите фанови дека немаат намера да ја кријат ќерката и дека ќе споделуваат фотографии со неа. Досега, таа има споделено три фотографии од малото девојче.

Криси Тиген Криси Тиген Криси со Луна

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.