Ед Ширан со семејството ужива во Австралија, каде пандемијата е ставена под контрола и не е задолжително носењето маски и одржувањето дистанца.
Популарниот музичар беше фотографиран со сопругата Шери Сиборн и нивната ќерка Лира. Парот лежерно го разгледуваше малото место Соренто во Викторија.


За време на прошетката, Ширан издвои време да направи селфи со свои обожаватели и да поразговара накратко со нив.









Ширан отпатува во Австралија за погребот и комеморацијата на австралиската музичка легенда Мајкл Гудински. На сцената тој ја изведе за првпат новата балата „Visiting Hours“.