Путри Ариани навистина има голем талент. 17-годишната девојка од Индонезија одушеви со својот прекрасен глас на „America’s Got Talent“ и го доби златното копче од строгиот Сајмон Кауел.
Талентираната млада пејачка најпрво ја изведе својата авторска песна „Loneliness“, а на барање на Сајмон, ја испеа и „Sorry Seems To Be The Hardest Word“.
„Најголем предизвик ми е што луѓето ме гледаат како слепа личност, а не како музичарка. Но, кога пеам, се чувствувам како суперѕвезда“ – рече Путри пред настапот.
Слушнете го нејзиниот ангелски вокал:
„Навистина ангелски глас. Путри Ариани нè освои со својот талент“ – напишаа од AGT, на што Путри одговори: „Благодарам Сајмон и AGT за најубавиот и најнезаборавниот момент од мојот живот. Благодарам што ми ги остваривте соништата. Не знам како да ја изразам оваа радост, ова е навистина магично“.




