Џесика Алба активно го шири својот бизнис „The Honest Company“. Популарната актерка организира промотивен настан во Њујорк за новата колекција пелени.
На забавната собиранка, 36-годишната ѕвезда се појави со двете ќерки – 9-годишната Хонор и 5-годишната Хевен.




Алба, која е бремена со третото дете, носеше фустан од брендот The Great.


На настанот присуствуваа и дизајнерката Рејчел Зое и актерката Моли Симс со нивните деца.





Во изминатите неколку дена, Џесика неколкупати беше фотографирана низ Големото јаболко, вклучително и кога се упатуваше да гостува во шоуто на Џими Фелон.









