Во домот на Марко Маринковиќ - Слаткар и Сања Николиќ започна новогодишното украсување. Македонскиот рапер сподели две фотографии на социјалните мрежи.
На едната, поранешната манекенка со синчето Моша во рацете прави селфи. „Прво едно селфи, па може да почнеме со китење“ – напиша Слаткар во описот.

Неодамна, Марко сподели и фотографија од прошетка со малиот Моша.
Сања и Слаткар станаа родители во април оваа година. Тие се во брак од 2014 година.
