Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Скршена сум“: Хиларија Болдвин сподели дека имаше уште еден спонтан абортус во четвртиот месец од бременоста

„Скршена сум“: Хиларија Болдвин сподели дека имаше уште еден спонтан абортус во четвртиот месец од бременоста

Хиларија Болдвин со видео ја сподели тажната вест дека имаше уште еден спонтан абортус во четвртиот месец од бременоста.

35-годишната јога инструкторка, која му е сопруга на актерот Алек Болдвин, објави снимка во која разговара со ќерката Кармен, а во описот објасни дека е тажна затоа што го изгубила бебето. Хиларија, која има 4 деца со Алек, имаше спонтан абортус и пред 7 месеци.

„Со голема тага споделуваме дека денес научивме дека нашето бебе почина на 4 месеци. Сакаме и да знаете дека ќе бидеме ОК, иако не сме во моментов. Многу сме среќни со нашите 4 здрави бебиња и никогаш нема да направиме превид на тоа. Ѝ кажав на Кармен и ја направив снимката за да можам да му ја испратам на Алек. Претпоставувам дека ова е добар начин да го споделам и со вас. Ѝ кажав дека ова бебе нема да дојде, но дека ќе се потрудиме да ѝ дадеме помала сестра друг пат. Навистина сум скршена во моментов... Не го очекував ова кога тргнав на преглед денес. Не знам друго што да кажам, сè уште сум во шок и не ми е јасно сè. Ве молам, без папараци, тоа е сè што барам“ – напиша таа на Instagram.

Хиларија Болдвин

На 18 септември, Хиларија со видео од срцевите отчукувања на бебето објави дека е бремена, а подоцна откри дека носи девојче.

Пред околу три недели, таа сподели фотографија од малото трудничко стомаче, пресреќна дека поминала низ првиот триместар од бременоста.

„Бидејќи и ова бебе заслужува фотографии од стомакот! ДЕЧКИ! Го поминав првиот триместар!“ – напиша таа.

Хиларија Болдвин

Хиларија и Алек започнаа да се состануваат во август 2011 година, а во јуни 2012 стапија во брак. Тие се родители на 6-годишната Кармен, 4-годишниот Рафаел, 3-годишниот Леонардо и едногодишниот Ромео.

Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин

Во април годинава, Хиларија сподели дека го изгубила петтото бебе. Целта на нејзината отвореност е да се подигне свеста на тема спонтан абортус, за таа да престане да биде табу.

„Секојпат сум била отворена со вас за моето семејство, фитнесот, бременостите... и не сакам да го кријам ова од вас само затоа што не е позитивно и сјајно како останатото.“

„Сметам дека е важно да се покаже вистината... бидејќи ми е работа да им помагам на луѓето да бидат отворени и реални. Не чувствувам срам и не сум засрамена од ова искуство. Сакам да бидам дел од обидите да се нормализира спонтаниот абортус и да се тргне стигмата од него. Има премногу таинственост во првиот триместар. За некои ова функционира, но мене ме исцрпува. Ми се гади, уморна сум, телото ми се менува, а јас морам да се преправам дека сè е во ред кога реално не е. Не сакам да се преправам повеќе. Се надевам дека разбирате“ – напиша таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.