Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Готово е“: Хиларија Болдвин објави дека имаше спонтан абортус и дека го изгуби петтото дете

„Готово е“: Хиларија Болдвин објави дека имаше спонтан абортус и дека го изгуби петтото дете

Откако пред пет дена сподели дека најверојатно ќе го изгуби своето неродено бебе, Хиларија Болдвин пред неколку часа потврди дека имаше спонтан абортус.

35-годишната јога инструкторка и сопруга на актерот Алек Болдвин сподели семејна фотографија со Алек и четирите деца и откри дека на нејзиниот последен преглед со ултразвук немало срцеви отчукувања кај бебето. Целта на нејзиниот пост е да се подигне свеста кај луѓето и да се поттикне разговор за спонтаниот абортус за тој да престане да биде табу тема.

Бидејќи смета дека премногу жени страдаат тивко откако ќе го изгубат нероденото бебе, таа го користи своето влијание на социјалните мрежи за да ги охрабри да зборуваат за тоа.

Денес, на прегледот, немаше срцеви отчукувања... значи готово е... но, јас имам прилично силни и неверојатни срцеви отчукувања токму тука. Опкружена сум со многу љубов и се чувствувам како среќничка. Ви благодарам на сите што ме сослушавте, што ме поддржувавте и што ги споделивте вашите лични стории. Заедно сме посилни... Се надевам дека овој разговор ќе продолжи да се шири и дека ќе се држиме заедно и низ убавите и низ тешките моменти од животот. Многу љубов и почит за сите вас.

Непосредно пред прегледот, Болдвин гостуваше во емисијата The Today Show каде искрено зборуваше за предизвиците кои доаѓаат со родителството. „Знаете, кога ќе се согласите да станете родители, морате да го прифатите и доброто и лошото... мораме да сфатиме дека не е сè во пелените, ќебињата и панделките за коса. Мораме да ги отвориме нашите срца и да сфатиме дека ќе има и тешки моменти“ – рече таа.

Хиларија Болдвин

Во четвртокот, Хиларија сподели дека е бремена по петти пат со фотографија од малото трудничко стомаче, на која позира по долна облека. Иако знаела дека нема да биде долго време во блажена состојба, таа одлучила да го сподели тоа со своите фанови.

Сакам да споделам со вас дека најверојатно минувам низ спонтан абортус. Секогаш си ветував дека рано ќе споделам со вас ако забременам повторно, дури и ако тоа значи да доживеам јавна загуба. Секојпат сум била отворена со вас за моето семејство, фитнесот, бременостите... и не сакам да го кријам ова од вас само затоа што не е позитивно и сјајно како останатото.

Сметам дека е важно да се покаже вистината... бидејќи ми е работа да им помагам на луѓето да бидат отворени и реални. Не чувствувам срам и не сум засрамена од ова искуство. Сакам да бидам дел од обидите да се нормализира спонтаниот абортус и да се тргне стигмата од него. Има премногу таинственост во првиот триместар. За некои ова функционира, но мене ме исцрпува. Ми се гади, уморна сум, телото ми се менува, а јас морам да се преправам дека сè е во ред кога реално не е. Не сакам да се преправам повеќе. Се надевам дека разбирате.

Ова се случува во моментов: ембрионот има срцеви отчукувања, но тие не се силни и бебето не расте многу. Затоа чекаме, но тоа е тешко. Има многу неизвесност... но, шансите се многу, многу мали дека ова е одржлива бременост. Потполно сум уверена дека јас и моето семејство ќе се справиме со ова, дури и ако патувањето е тешко.

Благословена сум со моите неверојатни доктори, моите драги пријатели и моето грижливо семејство... Сопругот и моите четири здрави бебиња ми покажуваат колку навистина е убав животот, дури и кога понекогаш изгледа грдо. Среќата и благодарноста што ја чувствувам дека им сум мајка на моите бебиња е огромна и ме смирува.

Се надевам дека споделувајќи го ова, ќе ја подигнам свеста на оваа чувствителна тема.

Во коментарите многумина ги споделија своите болни и тешки искуства со спонтаниот абортус и ѝ се заблагодарија на Хиларија што јавно ја сподели својата приказна.

Хиларија и Алек стапија во брак во јуни 2012 година. Тие имаат четири деца на возраст од 5 години, 3 години, 2 години и 11 месеци.

Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин Хиларија Болдвин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.