Силвестер Сталоне имаше силна поддршка на премиерата на неговата нова серија „Tulsa King“.
76-годишниот актер изгледаше елегантно додека позираше пред фоторепортерите со ќерките Систин и Софија, како и со сопругата Џенифер Флавин.
За настанот во Њујорк, Сталоне избра црн костум, неговата 54-годишна сопруга носеше бела кошула и црни панталони, додека девојките беа облечени во фустани. Парот има уште една ќерка, која не беше присутна на премиерата.





Ова заедничко појавување на парот на јавен настан доаѓа по откажувањето на постапката за развод која Флавин ја започна во август годинава. Тие се во брак 25 години.


„Tulsa King“ ќе започне да се прикажува на 13 ноември.
