Сиара е пресреќна што наскоро ќе го добие своето четврто дете.
38-годишната пејачка го разголи трудничкото стомаче и го обои во златна боја за појавувањето на премиерата на „The Color Purple“ во Лос Анџелес. Славната музичарка носеше бела комбинација со долга наметка од Жорж Хобеика.
Со изгледот, Сиара привлече и позитивни коментари, но и многу критики.
















Сиара објави дека го очекува третото дете со сопругот Расел Вилсон во август. Таа има уште еден син со раперот Фјучр, со кого беше верена во 2013 година.

Таа е дел од ѕвездите во мјузиклот „The Color Purple“.