Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сестрата на Влатко Лозаноски со фотографија од детството и порака му го честиташе 35-тиот роденден

Сестрата на Влатко Лозаноски со фотографија од детството и порака му го честиташе 35-тиот роденден

Влатко Лозаноски вчера го прослави својот 35-ти роденден. Македонскиот пејач доби бројни честитки од најблиските.

Неговата сестра Марија објави фотографија од детството и порака за да го одбележи овој ден.

Прочитајте ја пораката:

На фотографијава има среќни луѓе, среќно семејство. Еден обичен пикник покрај река на почетокот од деведесетите.

Има на неа обични брат и сестра кои растеле заедно скоро цел живот со сите игри, досетки, задевања, лутења и прекумерни поддршки.

Сликава нè отсликува токму нам: јас секогаш сакајќи да се истакнам како една родена дама и шоумен, а брат ми со скромноста да смисли како да си ја извади умешноста и уметноста.

Девојките зад нас се мајка ни и тетка ни кои денес се мудри жени и се столб на семејството.

Малиот господин е денес успешен музичар и пејач кој го знаат сите, но јас го знам од мојот прв ден.

И да - денес му е роденден!

Му ги пропуштив само првите два (имав работа, па подоцна дојдов на овој свет), но верувам дека ќе му бидам сведок на барем уште 100.

Најсреќен да си, уште многу лета да славиш и памтиш.

Марија, која е писателка, неретко споделува стари фотографии со Влатко.

Лозаноски Лозаноски
View this post on Instagram

#27Jun

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.