Во семејството на Серхио Рамос имаше голема прослава. Неговата мајка Паки го прослави 67-миот роденден и на забавaта се собраа најблиските членови од фамилијата.
Шпанскиот фудбалер заедно со неговиот татко ја опсипаа Паки со бакнежи, а потоа позираа за фамилијарен портрет.
На фотографиите се и сестрата и братот на Серхио – Миријан и Рене.










По објавувањето на фотографиите, многу коментари посочија дека сопругата на Серхио, Пилар Рубио, и нивните деца не се присутни на забавата. Тоа се должи на бројните шпекулации за проблеми во нивниот брак.

