Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион со трите деца и емотивна порака стави крај на концертите во Лас Вегас, а објави и нова песна

Селин Дион со трите деца и емотивна порака стави крај на концертите во Лас Вегас, а објави и нова песна

Селин Дион го одржа својот последен концерт во Колосеумот на „Caesars Palace“ во Лас Вегас и со емотивна порака стави крај на серијата од импресивни 1.144 шоуа во период од 16 години.

На сцената, нејзе ѝ се придружија 18-годишниот Рене-Чарлс и 8-годишните близнаци Еди и Нелсон. Зад нив беше прикажана фотографија од покојниот Рене Анжелил.

Селин Дион

„Горда сум и почестена од она што го постигнавме во Колосеум откако почнавме пред 16 години, кога јас и Рене започнавме да го сонуваме ова. Целото искуство е огромен дел од мојата кариера во шоу-бизнисот и ќе го ценам засекогаш. Има многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам, но најважното 'благодарам' е за моите фанови, кои ни дадоа можност да го правиме она што го сакаме“ - рече таа.

Рене и Селин се запознаа во 1980 година, кога таа имаше 12 години, а стапија во брак во 1994 година. Тој ѝ беше менаџер до крајот на неговиот живот.

51-годишната пејачка за првпат ја изведе новата песна „Flying On My Own“, која ќе биде дел од нејзиниот претстоен албум „Courage“.

Видео

На 1.144 концерти во Лас Вегас, Селин има забавувано над 4 милиони луѓе, што резултирало со околу 700 милиони долари од продажба на карти.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.