Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион за првпат во јавност откако откри дека страда од синдром на вкочанета личност

Селин Дион за првпат во јавност откако откри дека страда од синдром на вкочанета личност

Селин Дион се повлече од сцената и од медиумите откако јавно сподели дека страда од ретка неизлечлива болест.

Легендарната пејачка се појави на првиот настан по изјавувањето дека има синдром на вкочанета личност (Stiff Person Syndrome) кој ги претвора луѓето во живи статуи.

55-годишната музичка ѕвезда присуствуваше на хокеј натпревар во Лас Вегас и беше облечена во лежерна комбинација.

Дион беше во придружба на нејзините три сина.

Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион Селин Дион

Синдромот на вкочанета личност е ретка невролошка болест со карактеристики на автоимуно заболување. Симптомите вклучуваат мускулни грчеви, неможност за наведнување, болка и хронична анксиозност. Мускулните грчеви можат да бидат толку силни, што да доведат до изместување на зглобови и дури и кршење на коските. Пациентите може да завршат во количка или да бидат неподвижни, често не можат да работат и да се грижат за себе.

Нема лек за овој синдром, но постојат третмани кои помагаат за ублажување на симптомите.

Селин ја откри веста минатата година, по што ги откажа сите концерти од својата турнеја.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.