Селена Гомез се вброи во најдобро облечените ѕвезди на годинешните Еми награди.
Славната актерка и пејачка самоуверено позираше на црвениот тепих во креација која беше невозможно да остане незабележана. Ефектниот фустан со флорални елементи доаѓа од модната куќа Оскар де ла Рента, а е изработен од 450.000 пулејки.
Блескавиот накит од 35 карати е од Tiffany & Co. додека сандалите се од италијанскиот бренд Rene Caovilla.






Гомез пристигна на манифестацијата со нејзиното ново момче Бени Бланко.

Хит серијата „Only Murders in the Building“, во кој Селена глуми заедно со Мартин Шорт и Стив Мартин, имаше 11 Еми номинации.

