Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Секогаш ќе бидеме семејство“: Анџелина Џоли низ солзи за првпат зборуваше за разводот со Бред Пит

„Секогаш ќе бидеме семејство“: Анџелина Џоли низ солзи за првпат зборуваше за разводот со Бред Пит

Анџелина Џоли за првпат зборуваше во јавност за својот развод и не можеше да си ги скрие солзите.

41-годишната актерка беше дел од интервју на BBC поврзано со нејзиниот нов филм „First They Killed My Father“, но водителката ѝ постави и прашање за разводот со Бред Пит.

Видео

Целото интервју за BBC:

„Не сакам да зборувам многу за тоа, само сакам да кажам дека беше многу тежок период и дека ние сме семејство и секогаш ќе бидеме семејство. Ќе го надминеме ова и поради тоа ќе бидеме уште посилно семејство“ – вели Џоли на прашањето дали сака да каже нешто во врска со разделбата со Бред.

„Фокусирана сум на моите деца, на нашите деца, и на наоѓањето начин за да го надминеме ова. И како што реков ние сме и засекогаш ќе бидеме семејство. Се обидувам да најдам начин да станеме поблиски и посилни поради ова“ – додава таа.

Анџелина се надева дека за пет години нејзините деца ќе патуваат низ светот, а таа ќе ги поддржува во она што ќе изберат да го прават.

„За пет години се надевам дека ќе патувам низ светот за да ги посетам моите деца со надеж дека тие се среќни и прават интересни нешта. Ги замислувам на многу различни делови од светот и јас ќе ги поддржувам. Со сè што правам се надевам дека им претставувам нешто, дека им ги претставувам правилните нешта на моите деца и дека правилно им доловувам што се способни да направат. Светот е она што треба да се види, не преку призмата на Холивуд или преку одреден живот“ – вели таа.

Џоли во моментов го промовира својот нов филм, кој ја прикажува војната во Камбоџа низ очите на дете. Таа чувствувала потреба да ја раскаже приказната за оваа земја, бидејќи тоа е местото каде стана мајка. Имено, холивудската ѕвезда го посвои своето прво дете, Медокс, во 2002 година од Камбоџа.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анџелина поднесе документи за развод од Бред Пит во септември минатата година и доби привремено старателство над шесте деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен – кои се заедно со неа во Камбоџа.

Анџелина и Бред со децата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.