Ребека Јанковска Ристески и нејзиниот сопруг Милан Ристески објавија заедничка фотографија со повредени раце во лонгети и коментар кој поттикна низа насмевки и пораки.
На објавената фотографија, се гледа како познатата активистка и поранешна пејачка има повредена лева рака во лонгета, а Милан е со повредена десна рака, па токму тој духовито напиша:
„Што ти се вика љубов, едниот вози со својата здрава рака, другиот менува брзини со својата здрава рака... Како што би рекле браќа Срби, ЗАРУЧЕНИ смо!!!“

Под фотографијата се редеа бројни коментари со желби за побрзо оздравување, но и пораки дека нивната приказна е доказ за вистинска љубов, односно дека двајцата секогаш се заедно и во добри и во лоши моменти.
Највесел коментар сепак дојде од самата Ребека, која ја продолжи шегата на сопругот: „Да видите како миеме садови – тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жива и здрава.“
Двојката покажа дека љубовта и хуморот се најдобриот лек и за време на животни предизвици.


Всушност, Милан закрепнува од операција на рамо додека Ребека се опоравува од шината дланка.
Ребека и Милан се горди родители на синот Маркијан и близнаците Макариј и Доротеј.
