Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Елегантна во розово: Анџелина Џоли во фустан со разголен грб со децата на премиера

Елегантна во розово: Анџелина Џоли во фустан со разголен грб со децата на премиера

На Анџелина Џоли одлично ѝ прилега улогата на режисерка. 41-годишната актерка во впечатлив стајлинг се појави на премиерата на својот нов филм „First They Killed My Father“ во Сијем Реап, Камбоџа.

Холивудската ѕвезда го истакна својот шарм во розов фустан кој го разголуваше нејзиниот грб. На филмскиот настан, Џоли беше придружувана од своите шест деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.

Анџелина со децата

На премиерата присутен беше и кралот на Камбоџа, Нородом Сихамони.

Анџелина со децата Анџелина со децата Анџелина со децата Анџелина со децата

Во реализацијата на биографскиот филм, биле вклучени две од нејзините посвоени деца, Медокс и Пакс.

Филмот ја прикажува војната низ очите на дете, раскажувајќи ја вистинската приказна за животот и детството на Лун Ун, пријателка на Џоли, која ги искуси на своја кожа негативните последици од војната во Камбоџа. Ун ги изгуби своите родители и двете сестри во војната.

„Сакав да се фокусирам не само на војната, но и на семејната љубов и убавината на државата. И всушност, сакав да разберам низ што имаат поминато биолошките родители на мојот син. Сакав да го запознаат него подобро и сакав да ја запознам оваа земја подобро“ – изјавила Џоли, алудирајќи на синот Медокс, кој го посвои токму од Камбоџа во 2002 година.

Анџелина со децата Анџелина со децата Анџелина со децата Анџелина со децата

„Овој филм е мој начин да ѝ се заблагодарам на Камбоџа. Без Камбоџа јас можеби никогаш немаше да станам мајка. Дел од моето срце е и секогаш ќе биде во оваа земја. И дел од оваа земја е секогаш со мене - Медокс“ - рекла Анџелина во својот говор.

Анџелина со децата Анџелина со децата Анџелина со децата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.