Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Се тестиравме и позитивни сме“: Том Хенкс објави дека со сопругата Рита Вилсон имаат коронавирус

„Се тестиравме и позитивни сме“: Том Хенкс објави дека со сопругата Рита Вилсон имаат коронавирус

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се заразија со коронавирус за време на нивниот престој во Австралија.

63-годишниот холивудски актер ја соопшти веста преку порака на Instagram.

Том Хенкс и Рита Вилсон

Здраво луѓе. Јас и Рита сме во Австралија. Се почувствувавме малку уморни, како да имаме настинка и болки во телото. Рита чувствуваше треска одвреме навреме. Малку покачена температура. За да ја направиме правилната работа, како што е потребно во светот сега, се тестиравме за коронавирус и позитивни сме.

Па сега, што да правиме следно? Одговорните медицински лица имаат протоколи кои мора да ги следиме. Ние ќе бидеме тестирани, набљудувани и изолирани во период којшто е потребен за безбедноста и јавното здравје.

Ќе ве известуваме.

Грижете се за себеси!
Хенкс!

Том и Рита престојуваат во Австралија за снимањето на неговиот филм за Елвис Присли, кое сега е одложено.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.