Се сеќавате на Саваш Балдар од хит-серијата „Љубов и казна“ која кај нас се емитуваше пред повеќе од 10 години?
Мурат Јилдирим продолжува да нижи филмски успеси, а пред два дена се појави со сопругата Иман на премиерата на неговиот најнов филм „Nefes: Yer Eksi İki“. 44-годишниот турски актер изгледаше елегантно во црн костум, додека неговата сакана шармираше во двобојна креација од Тарик Едиз.









Мурат кај нас се прослави со улогата на Саваш во „Љубов и казна“ и Демир во „Аси“.



Турскиот актер стапи во брак со својата избраничка во март 2016 година. Три години подоцна таа го изгуби нероденото бебе поради спонтан абортус. Следната година, Иман повторно имаше спонтан абортус. По вкупно пет спонтани абортуси, парот доби ќерка во октомври 2022 година.


