Се сеќавате на несмасниот Невил Лонгботом од филмовите за „Хари Потер“?
Актерот Метју Луис, кој ја имаше улогата на Невил, изминатиов викенд заплива во брачните води и сподели фотографија од свадбата со блогерката Анџела Џонс.
Британскиот актер денес изгледа многу поразлично од кога го глумеше Невил во популарните филмови. Тој има снимено неколку фотосесии за списанија и неретко добива комплименти за изгледот.
Парот беше фотографиран на медениот месец во Портофино, Италија.
Избраничката на Метју е авантуристка која постојано патува и споделува фотографии на својот профил на Instagram.
Метју ја запроси Анџела под Ајфеловата кула во Париз.
