Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Се самоуби Зомби Бој, моделот со тетоважи познат по спотот на Лејди Гага за „Born This Way“

Се самоуби Зомби Бој, моделот со тетоважи познат по спотот на Лејди Гага за „Born This Way“

Рик Џенест си го одзеде животот. Моделот со тетоважи, познат како Зомби Бој, беше пронајден мртов во неговиот стан во Монтреал.

Рик се самоуби само неколку дена пред неговиот 33-ти роденден.

Рик Џенест

Џенест беше познат по спотот на Лејди Гага за песната „Born This Way“, па славната пејачка се збогува со својот пријател со порака на социјалните мрежи, со која исто така ги поттикнува сите оние кои имаат проблеми со менталното здравје да побараат помош.

„Мора да работиме понапорно за да ја промениме културата, да го поставиме Менталното здравје на прво место и да ја избришеме стигмата дека не можеме да зборуваме за тоа. Ако вие страдате, денес јавете му се на свој пријател или роднина. Ние мора да се спасуваме еден со друг“ – напиша Гага.

Рик Џенест Рик Џенест

Рик за првпат се истетовирал на 16-годишна возраст, откако бил излечен од тумор на мозокот, а додека да наполни 19 години, целото тело си го имал покриено со тетоважи.

Рик Џенест Рик Џенест Рик Џенест Рик Џенест

Познатиот канадски модел соработуваше со бројни врвни брендови и беше ангажиран за кампањи кои оставија голем впечаток врз публиката. Една од нив е кампањата за коректор за тело на брендот Dermablend, потсетете се:

Спотот за „Born This Way“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11343 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.