Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Вонземскиот спот на Лејди Гага за „Born This Way“

ВИДЕО: Вонземскиот спот на Лејди Гага за „Born This Way“

Штотуку беше објавен спотот на Лејди Гага за нејзината најнова песна „Born This Way“. Илјадници нејзини фанови со нетрпение го очекуваа појавувањето на видеото и веднаш започнаа да се множат коментарите на YouTube.

Како што и се очекуваше, видеото е доста чудно, вонземско и во него се раскажува за „раѓањето на нова раса која не носи предрасуди и осудувања, туку неограничена слобода“.

Спотот е режиран од модниот фотограф Ник Најт, но и Лејди Гага замешала прсти. Во видеото се појавува и канадскиот модел Рик Џенест чие лице и тело се тетовирани така што да личат на скелет, а и лицето на Гага е исцртано во ист стил.

„Born This Way“ е првиот официјален сингл од новиот истоимен албум на 24-годишната ексцентрична пејачка. Се очекува Гага да објави уште еден спот за истиот сингл.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11588 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.