Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Се обидов сама да износам бременост, не успеав“: Марија Шерифовиќ за одлуката да добие дете со сурогат-мајка

„Се обидов сама да износам бременост, не успеав“: Марија Шерифовиќ за одлуката да добие дете со сурогат-мајка

Марија Шерифовиќ стана мајка на 2 декември, а речиси две недели подоцна ја сподели среќната вест со своите фанови.

39-годишната пејачка со години се обидувала да добие свое дете. За за српски „Блиц“, откри дека синчето Марио го доби со помош на сурогат-мајка во Лос Анџелес, САД, по неуспешни обиди сама да износи бебе.

„Во повеќе наврати се обидував сама да износам бременост, но поради потешкотии, не успеав“ – рекла таа.

„Големата желба да имам дете ме водеше низ тој комплексен процес“ – додала таа.

Марија Шерифовиќ

Уште пред две години, Шерифовиќ поминала низ процес за извлекување и оплодување на јајце-клетки и создавање ембриони. Во тој период дознала дека има три здрави ембриони.

Марија била присутна на раѓањето на бебето, а моментот бил многу емотивен. Целиот процес од зачнувањето до раѓањето на Марио се држел во тајност и за него знаеле само нејзините најблиски.

Марија Шерифовиќ

Веста за раѓањето на Марио ја сподели во петокот и напиша:

„Љубовта пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда на мојот живот. Се роди Марио. Сине, нека те води животот по своите најубави патишта, а јас ќе те штитам со мојата љубов од тага и од луѓето. Ви благодарам на сите што праќате љубов и нека биде тивко и топло сè што доаѓа од вас до него. Ве сакам сите! Со лубов, М&М.“

Марија Шерифовиќ

Марија не открива кој е таткото на Марио, но вели дека кога тој ќе порасне, ќе дознае сè што треба.

Марија Шерифовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.