Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Светско, а наше: Андријана Јаневска избрана за најдобра пејачка од цел свет на натпревар од САД

Светско, а наше: Андријана Јаневска избрана за најдобра пејачка од цел свет на натпревар од САД

Андријана Јаневска постигна голем успех со кој се гордее. Македонската пејачка сподели дека го освои првото место на натпревар од САД и беше избрана за Најдобра пејачка.

„Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате!“ – напиша Јаневска во описот на фотографиите на кои позира со својата награда.

Андријана Јаневска

Сузана Турунџиева ѝ честиташе на својата колешка за добиеното признание.

„Браво, браво Андријана Јаневска,нека чуе целиот свет каков музички потенцијал има во Македонија“ – напиша таа споделувајќи ја објавата на Јаневска.

Андријана доби честитки и од други нејзини колеги, меѓу кои Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски и Никола Мицевски.

Музичари

Андријана деновиве освојува со изведбата на „Ми заплакало селото Ваташа“ заедно со Игор Џамбазов за проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.