Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пејачката Андријана Јаневска сподели дека стана доктор на науки

Пејачката Андријана Јаневска сподели дека стана доктор на науки

Андријана Јаневска е доктор на науки.

Андријана Јаневска

41-годишната македонска пејачка сподели на Facebook дека успешно ја одбрани докторската дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за фолклор „Марко Цепенков“.

Таа објави фотографии од одбраната на Facebook.

Андријана Јаневска Андријана Јаневска

„Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот! Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ“ – напиша таа.

Таа ѝ се заблагодари на комисијата и напиша:

Голема благодарност до комисијата во состав: проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленовска, проф. д-р Весна Петреска и проф. д-р Горанчо Ангелов. Секако, најголема благодарност ѝ должам на проф. д-р Родна Величковска, која како мој ментор ме водеше низ процесот на создавање на овој труд, на кој му посветив девет години љубов, внимание и работа. Ѝ благодарам на проф. д-р Катерина Тодороска која ми ја разгоре љубовта кон историјата на Македонија и ми даде идеја да го проучувам македонскиот фолклор во Албанија. Му благодарам и на Никола Ѓурѓај кој ме запозна со многу информатори, пејачи и раскажувачи кои со своето учество придонесоа да се зачува од заборав македонскиот фолклор!

Андријана Јаневска Андријана Јаневска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11338 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.