Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сара Џесика Паркер: Моето породување беше апсолутна еуфорија

Сара Џесика Паркер: Моето породување беше апсолутна еуфорија

Сара Џесика Паркер сними фотосесија за новото издание на „The Edit“. Во интервјуто за дигиталното списание, 51-годишната актерка зборуваше за породувањето, за нејзината поврзаност со Њујорк и откри за што се кае од снимањето на „Сексот и градот“.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

„Ако можев да се навратам на еден момент од мојот живот, тоа дефинитивно ќе беше раѓањето на моите деца. Јас имав можност да родам само еднаш. Околу породувањето, постои забавување на времето. Сè исчезнува, целиот свет исчезнува, времето застанува. Во мојот случај, бевме само јас, мојот сопруг и детето, и тоа беше апсолутна еуфорија“ – изјавила славната актерка.

Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик имаат три деца – еден син и две ќерки близначки. Девојчињата се родени со помош на сурогат-мајка.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

За снимањето на „Сексот и градот“, Паркер рекла: „Посакувам да имав направено повеќе фотографии. Требаше да ја фотографирам секоја проба за облека во „Сексот и градот“, секој чевел кој го имам пробано некаде низ светот.“

За поврзаноста со Њујорк, таа изјавила: „Не можам да замислам да живеам на друго место“.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

За фотосесијата, Паркер носи модели од својата нова колекција обувки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11224 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.