Сандра Булок ги привлече сите погледи кон себе на премиерата на нејзиниот најнов филмски проект „The Lost City“ во Лос Анџелес.
На зелениот тепих, 57-годишната оскаровка зачекори во омбре креација од либанскиот моден волшебник Ели Сааб. Нејзиниот стајлинг, стилистката Елизабет Стјуарт го надополни со екстра високи црни чизми и блејзер.








Пред фоторепортерите, Сандра позираше и со сестра си Гесин Булок-Прадо.


