Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 4 жени признаа дека спиеле со сопругот на Сандра Булок

4 жени признаа дека спиеле со сопругот на Сандра Булок

По скандалите со Тајгер Вудс, сега медиумите се полни со скандалите за неверствата на сопругот на Сандра Булок. Тешките моменти за Сандра Булок продолжуваат, откако 4 жени изјавија пред јавноста дека спиеле со нејзиниот сопруг Џеси Џејмс.

Мишел МекГи прва излезе пред медиумите со информација дека со Џеси имала 11-месечна афера, додека Сандра Булок снимала филм. Според нејзината изјава, Џејмс ја подвел да верува дека се разделени со Сандра.

Исто како МекГи, и втората љубовница на Џејмс, Мелиса Смит, е тетовирана стриптизерка. Таа го запознала Џејмс на интернет, но набрзо нивната врска станала физичка. Оваа афера траела 2 години и во тој период, според нејзината изјава, Џеси имал незаштитен секс со неа.

Бриџит Дагер е третата љубовница што признала во јавноста за афера со сопругот на Булок. 40-годишната Бриџит, по професија фотограф, изјавила дека имала сексуални односи со Џеси 4 пати, но долго време си пишувале пораки помеѓу себе.

Четвртата љубовница е опишана како „убав модел и бизнис жена“. Таа веќе има свој адвокат и сè уште нема решено дали ќе истапи пред медиумите со својата приказна. Анонимната „4-та љубовница“ тврди дека имала 3-годишна врска со Џејмс, која завршила кога МекГи ја признала нејзината афера.

Пријателите на Сандра сметаат дека таа никогаш нема да му се врати на Џејмс по овие скандали за неверство.

„Знаејќи каква личност е таа, ќе бидам шокирана ако таа размислува да му се врати“ – изјавила блиска пријателка на Сандра за Us Weekly.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11087 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.