Вини Харлоу е пример за самодоверба и смелост. Моделот со витилиго не се плаши да ги покаже белите дамки на кожата.
Овојпат, таа самоуверено позираше комплетно гола за фотосесија снимена за списанието „Women’s Health“.

Со својот инспиративен пример, Харлоу ги охрабрува сите лица со витилиго да не се срамат од своето тело и да не ја прикриваат својата состојба.
„Сакам да му покажам на светот дека убавината е онаму каде што секој од нас сака да биде. Прекрасно е што можам да ги инспирирам луѓето да бидат посамоуверени“ – вели Харлоу.


Во текот на животот и тинејџерските години, Вини многу често била исмејувана и нарекувана „крава“ и „зебра“, но таа не дозволила злобните коментари да ја скршат. Наместо тоа, Харлоу станала посилна и похрабра.
„Мојата помлада верзија отсекогаш веруваше во моќта на верата, силата и истрајноста, додека учев за ранливоста и за важноста да бидам автентично своја“ – дополнила Вини, чие вистинско име е Шантел Браун-Јанг.



