Forbes ја објави листата на Најплатени славни личности за годината која измина.
Во Топ 10 се најде само една жена и таа убедливо е на врвот на листата. Тоа е Кајли Џенер, која заработи вртоглави 590 милиони долари. Веднаш зад неа на листата застана нејзиниот зет Кание Вест. По нив следуваат спортистите Роџер Федерер, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Погледнете кои други познати имиња се најдоа на оваа листа и колкава е нивната заработка.
1. Кајли Џенер
590 милиони долари
Најголем дел од богатството на ѕвездата од реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“ доаѓа од продажбата на 51% од акциите од нејзината компанија на брендот Coty во јануари минатата година. Тоа е една од најголемите заработки на славните на сите времиња.

2. Кание Вест
170 милиони долари
Најголем дел од заработката на сопругот на Ким Кардашијан доаѓа од Yeezy, неговата линија патики за Adidas.

3. Роџер Федерер
106,3 милиони долари

4. Кристијано Роналдо
105 милиони долари

5. Лионел Меси
104 милиони долари

6. Тајлер Пери
97 милиони долари

7. Нејмар
95,5 милиони долари

8. Хауард Стерн
90 милиони долари

9. Леброн Џејмс
88,2 милиони долари

10. Двејн Џонсон
87,5 милиони долари

Целосната листа со 100-те најплатени славни личности, можете да ја погледнете тука.