Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Роми Стријд со фотографија од доење објави дека стана мајка 2 години по дијагнозата со полицистични јајници

Роми Стријд со фотографија од доење објави дека стана мајка 2 години по дијагнозата со полицистични јајници

Роми Стријд и Лоренс ван Лиувен станаа родители.

25-годишниот ангел на Victoria’s Secret ја сподели првата фотографија на која ја дои новородената ќеркичка Минт. „Минт ван Лиувен, се чувствувам благословено што можам да те држам во мојата прегратка. Заљубени сме во тебе“ – напиша таа.

Роми Стријд

Убавата Холанѓанка ја објави среќната вест дека е бремена во мај годинава и откри дека пред две години добила дијагноза полицистични јајаници и дека 7 години немала менструација.

Роми Стријд

ЌЕ ИМАМЕ БЕБЕ.

Пред 2 години ми беше дијагностициран синдром на полицистични јајници откако 7 години не добивав менструација. Бев скршена, бидејќи мој најголем сон е да станам мајка и да создадам семејство со Лоренс...

Се плашев дека никогаш нема да ми се оствари, затоа што ми беше кажано дека е потешко да добиеш бебиња на природен начин... Започнав да истражувам за синдромот на полицистични јајници и заклучив дека јас не сум типичен случај. Кај мене беше затоа што моето тело беше во состојба „бори се или бегај“, што значи дека телото ми беше под константен стрес.

Ментално никогаш не се чувствував супер стресно, па ми беше тешко да го разберам тоа, но мојот живот се состоеше од постојано патување (без биоритам), вежбање секој ден, „чиста исхрана“ (откажување од одредена храна). Мислам дека го ставив телото под голем притисок и искрено секое тело е различно, но мислам дека мојата тежина не беше добра за моето тело да функционира правилно и не можеше да го поднесе константното патување.

Започнав да истражувам природно лекување за полицистични јајници и дојдов до заклучок дека треба да практикувам помалку интензивни тренинзи, да не се лишувам од одредена храна, да бидам добра кон себе и да правам паузи кога ми се потребни.

Исто така, пробав некои природни суплементи и си купивме куќа тука во Холандија за да поминуваме повеќе време со семејството. Многу сум среќна и благодарна што ми се врати менструацијата минатиот ноември и што наскоро ќе бидеме тричлено семејство.

За жените кои се обидуваат да зачнат: Верувајте во себе, бидете добри кон вашето тело и не им дозволувајте на „оние“ мисли да ви влијаат премногу.

Роми
Роми Стријд Роми Стријд Роми Стријд

Роми и Лоренс се во врска повеќе од 10 години.

Роми Стријд Роми Стријд Роми Стријд Роми Стријд Роми Стријд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.