Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ангелот Роми Стријд сподели дека е бремена 2 години по дијагнозата синдром на полицистични јајници

Ангелот Роми Стријд сподели дека е бремена 2 години по дијагнозата синдром на полицистични јајници

Роми Стријд е бремена. Ангелот на Victoria’s Secret сподели дека го очекува првото дете со нејзиното момче Лоренс и објави дека забременувањето не било лесно поради тоа што 7 години немала менструација и добила дијагноза синдром на полицистични јајници.

Убавата Холанѓанка сподели фотографија на која го покажува малото стомаче и пораката:

Роми Стријд

ЌЕ ИМАМЕ БЕБЕ.

Пред 2 години ми беше дијагностициран синдром на полицистични јајници откако 7 години не добивав менструација. Бев скршена, бидејќи мој најголем сон е да станам мајка и да создадам семејство со Лоренс...

Се плашев дека никогаш нема да ми се оствари, затоа што ми беше кажано дека е потешко да добиеш бебиња на природен начин... Започнав да истражувам за синдромот на полицистични јајници и заклучив дека јас не сум типичен случај. Кај мене беше затоа што моето тело беше во состојба „бори се или бегај“, што значи дека телото ми беше под константен стрес.

Ментално никогаш не се чувствував супер стресно, па ми беше тешко да го разберам тоа, но мојот живот се состоеше од постојано патување (без биоритам), вежбање секој ден, „чиста исхрана“ (откажување од одредена храна). Мислам дека го ставив телото под голем притисок и искрено секое тело е различно, но мислам дека мојата тежина не беше добра за моето тело да функционира правилно и не можеше да го поднесе константното патување.

Започнав да истражувам природно лекување за полицистични јајници и дојдов до заклучок дека треба да практикувам помалку интензивни тренинзи, да не се лишувам од одредена храна, да бидам добра кон себе и да правам паузи кога ми се потребни.

Исто така, пробав некои природни суплементи и си купивме куќа тука во Холандија за да поминуваме повеќе време со семејството. Многу сум среќна и благодарна што ми се врати менструацијата минатиот ноември и што наскоро ќе бидеме тричлено семејство.

За жените кои се обидуваат да зачнат: Верувајте во себе, бидете добри кон вашето тело и не им дозволувајте на „оние“ мисли да ви влијаат премногу.

Во видео на YouTube таа најави дека подетално ќе раскаже за нејзиното патување до бременоста.

Роми ја носи титулата ангел на Victoria’s Secret од 2015 година.

Роми Стријд Роми Стријд

Со Лоренс е во врска веќе 10 години и неретко патуваат заедно низ светот.

Роми Стријд Роми Стријд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.