Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Роденденско изненадување: Тамара Тодевска ѝ приреди домашна забава на ќеркичката Хана на тема „Frozen“

Роденденско изненадување: Тамара Тодевска ѝ приреди домашна забава на ќеркичката Хана на тема „Frozen“

Ќерката на Тамара Тодевска и Александар Димитровски – Мачка денес наполни четири години. Славната македонска пејачка со сопругот ѝ организираа роденденска забава на малата Хана во домашни услови во Гевгелија.

34-годишната музичка ѕвезда сподели фотографии и видеа на Instagram. На нив, слатката Хана е облечена во фустан со Елза, а целата забава е на тема „Frozen“.

„Роденден, мала карантинска забава. Пс. Тортата ја правевме свекрва ми и јас, само да знаете“ – напиша Тамара во описот.

Хана роденден Хана роденден Хана роденден Хана роденден Хана роденден Хана роденден Хана роденден Хана роденден Хана роденден Хана роденден Хана роденден Хана роденден Хана роденден

Тијана Дапчевиќ со порака ѝ го честиташе роденденот на внука си Хана. Таа објави фотографија и напиша: „Ова е мојата вила Хана. Се роди пред 4 години на денешен ден и ова е прв роденден кој не го славиме заедно. Но, ќе има уште родендени и убави денови, девојче мое најмило, само да бидеме здрави! Те сака тета до небото и ѕвездите“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11140 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.