Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Робин Вилијамс на 60 години се жени по третпат

Робин Вилијамс на 60 години се жени по третпат

Робин Вилијамс реши да му даде на бракот уште една шанса. Популарниот комичар се оженил со својата партнерка Сузан Шнајдер.

Сузан и РобинСузан и Робин

60-годишниот актер по третпат го изговорил судбоносното „да“ на приватна церемонија во Калифорнија. Информациите за венчавката ги потврди и неговиот гласноговорник.

Робин и Сузан се запознале во 2009 година, кратко време пред на популарниот актер да му биде направена операција на срцето. Според информации од странските медиуми, Сузан му помогнала на Робин да си го врати здравјето.

Вилијамс се разведе од својата втора жена во 2008 година, а има три деца од двата претходни брака.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.