Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Инспиративна порака од ќерката на Робин Вилијамс за сите кои се борат со депресијата

Инспиративна порака од ќерката на Робин Вилијамс за сите кои се борат со депресијата

Помина повеќе од една година откако светот изгуби еден од најзабавните артисти на сите времиња – актерот Робин Вилијамс. Во чест на својот татко, Зелда Вилијамс напиша искрена порака на Instagram и ја сподели заедно со фотографија од изгревот на месечината.

Зелда и Робин ВилијамсРобин Вилијамс и неговата ќерка Зелда

Во текстот, 26-годишната девојка зборува за помирувањето со тагата и им испраќа силна порака на сите кои страдаат од депресија.

Изгрев на месечината на езеро. Ноќва ја поминав треперејќи и смеејќи се под чистото, ладно небо полно со ѕвезди со луѓето кои ги сакам, само за да станам сведок на нешто прекрасно. Безделничевме под месечината, смеејќи се до зарипнување и премногу сум благодарна за секоја будалеста секунда.

Оваа година сфатив нешто што не можам, а да не го споделам тука, со сите кои имаат потреба од тоа: Одрекувањето дека сте исплашени, тажни или лути не значи дека сте среќни. Живеам со мојата тага секој ден, но повеќе не ја презирам. Прекрасните радосни моменти не се за да заборавиме, туку за да ги живееме и уживаме во нив. Не е лесно. Всушност, би рекла дека е потребен поголем напор за свесно да го направиш тоа одошто да продолжиш да тагуваш. Од срце ви кажувам дека многу вреди.

А за оние кои страдаат од депресија, знам колку темен и бесконечен изгледа тој тунел, но ако ви изгледа невозможно да ја пронајдете среќата, ве молам сметајте на надежта, колку и мала да е таа. Ви ветувам дека има доволно ноќи под истата жолта месечина за сите ние да ги споделиме, независно како или кога ќе го пронајдете својот пат дотаму.

Робин Вилијамс си го одзеде животот на 11 август 2014 година. Тој страдаше од тешка депресија, а непосредно пред смртта му беше дијагностицирана и рана фаза на Паркинсонова болест.

Зелда и Робин Вилијамс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11356 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.