Миа Перевска ги заврши студиите на Факултетот за аудиовизуелни уметности во Скопје (ЕСРА).
Ќерката на Пере од Нокаут дипломираше на отсекот аудио инженеринг и музичка продукција и сега е дипломиран аудио инженер. Оваа вест ја сподели нејзиниот горд татко.



На Instagram, Пере напиша:
Дипломираше
Не ја учев да биде тивка.
Ја гледав со слушалки на глава
и со срце што пулсираше во ритам.
Не од ова време,
не од овој шум.
Денес е дипломиран аудио инженер.
University of Audiovisual Arts – ESRA
Скопје-Париз-Њујорк.
од соништа до диплома.
Таа не го слуша светот,
таа го снима.
Моја ќерка,
мојот најдобар звук.
Перевска се заљуби во музиката од мали нозе, а има снимено и дует со татко си Пере.


