Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус наскоро ќе ги добијат најважните улоги во нивниот живот.
По неколкунеделни шпекулации дека славниот пар го очекува првото бебенце, тоа беше „потврдено“ од пораснатото стомаче на Суки.
37-годишниот актер и 31-годишната актерка, пејачка и модел беа фотографирани на прошетка, па неспорно е дека таа е во блажена состојба.









Роберт и Суки се заедно од 2018 година. Тие и претходно беа фотографирани на гала, каде Суки носеше проѕирен бордо фустан.



