Ријана ужива во животот како мајка на две момчиња и вели дека Ејсап Роки е одличен татко.
Додека ја промовираше новата соработка на Fenty со Puma, 35-годишната пејачка и дизајнерка зборуваше за мајчинството, за двете деца и за партнерот.
„Имам куќа полна со момчиња. Мислев дека ќе бидам мајка на девојчиња, но сум на момчиња. Го обожавам ова. Го обожавам“ – рече таа за ET, но додаде дека се надева дека следниот пат ќе имаат девојче.


Кога била запрашана како се справува нејзиното прво дете во улога на поголем брат, славната музичарка одговорила:
„Имаше потешкотии на почетокот, но обожава да биде поголем брат. Секојпат кога не го гледаме, ќе дојде и ќе го допре. Ако бебето плаче, му ја држи раката. Го боли кога плаче бебето. Се буди наутро и вели: ‘Бебе, бебе, бебе’. Го обожава. Му требаше време, но се справи, се гордеам со него“.



Татковството придонело Ријана да го гледа партнерот Ејсап со различни очи, бидејќи тој одлично се справил со новата улога.
„Го сакам поразлично како татко. Wow, каков лидер е, колку е трпелив и грижлив. Моите деца го обожаваат. Јас сум во позадина“ – додала Ријана.








