Врската на Ријана и Хасан Џамел станува сè посериозна. Во најново интервју за списанието „Interview“, 31-годишната пејачка зборуваше за својата нова љубов, можноста за брак и станувањето мајка.
Интервјуто го води актерката Сара Полсон, со која Ријана глумеше во филмот „Ocean’s 8“.

Ова се одговорите на дел од прашањата за нејзиниот љубовен живот:
Дали си заљубена?
„Се разбира дека сум“.
Дали планираш да се омажиш?
„Само Бог го знае тоа. Ние планираме, а Бог ни се смее, нели е така?“
Дали сакаш да станеш мајка?
„Повеќе од сè во животот.“


Ријана изјави дека има денови кога се дистанцира од професионалниот и се посветува на приватниот живот.
„Никогаш не бев ваква. Во последните години почнав да сфаќам дека морам да издвојувам време за себе, бидејќи менталното здравје зависи од тоа. Ако не си среќна, нема да бидеш среќна ни кога ги правиш нештата кои ги сакаш. Кариерата ми е цел во животот и никогаш не треба да ми биде ништо друго, туку среќно место. Сега им придавам големо значење на малите нешта, како одење на прошетка и пазарење во маркет. Влегов во нова врска и тоа ми значи. Си реков ‘Морам да издвојам време за ова’. Исто како што го негувам мојот бизнис, морам да го негувам и ова исто така“ – рекла Ријана.

За фотосесијата, Ријана носи креации од модни куќи како Dior, Balenciaga, Saint Laurent и Maison Margiela.





Ријана и Хасан првпат беа фотографирани заедно во базен во Шпанија во јуни 2017 година. Тој е милијардер кој потекнува од Саудиска Арабија и е наследник на „Abdul Latif Jameel“, која е една од најголемите компании во светот.


