Речиси една година по неговото раѓање, конечно е откриено името на синчето на Ријана и Ејсап Роки.
35-годишната пејачка и 34-годишниот рапер го крстија нивното прво дете Риза Ателстон Мајерс (RZA Athelston Mayers).
Името било избрано во чест на продуцентот и рапер Риза (RZA), водачот на американската хип-хоп група Wu-Tang Clan.
Средното име и презимето доаѓаат од Ејсап Роки, чие вистинско име е Раким Ателстон Мајерс.

Парот, кој го очекува второто дете, деновиве беше фотографиран на шопинг во Лос Анџелес.







Веста дека Ријана стана мајка беше објавена на 19 мај минатата година.


