Рис Витерспун го роди своето трето дете. 36-годишната актерка вчера родила здраво момче.

„Рис Витерспун и нејзиниот сопруг Џим Тот му посакаа добредојде во нивното семејство на Тенеси Џејмс. Мајката и бебето се здрави и целото семејство е пресреќно“ – изјавил претставник на актерката за People.
Ова е прво дете на Рис и Џим, кои стапија во брак во март минатата година. Рис има две деца од претходниот брак со Рајан Филипе – Ава (13) и Декон (8).
