Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рики Мартин со новиот партнер на гала на која обожавателка плати $90.000 за негов бакнеж

Рики Мартин со новиот партнер на гала на која обожавателка плати $90.000 за негов бакнеж

Рики Мартин присуствуваше на хуманитарната гала на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата) која се одржа во Бразил. Познатиот пејач за првпат се појави на свечен настан заедно со својот нов партнер Јван Јосеф.

44-годишниот музичар и 31-годишниот артист чекореа на црвениот тепих фатени за рака и прегрнати позираа пред фоторепортерите.

Рики Мартин Рики Мартин Рики Мартин Рики Мартин

„Ме привлекуваат и мажи и жени и јас не верувам во сексуални етикетирања. Ние едноставно сме човечки суштества со емоционални и сексуални потреби“ – изјави неодамна Рики Мартин во интервју за мексиканското списание „Fama!“.

На настанот во Сао Паоло, обожавателка на Рики Мартин плати 90.000 долари само за да добие негов бакнеж. Средствата кои беа собрани на добротворната манифестација ќе бидат наменети за потпомагање на борбата против сидата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.