Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рајан Рејнолдс ја сподели првата фотографија со Блејк Лајвли и нивното трето дете

Рајан Рејнолдс ја сподели првата фотографија со Блејк Лајвли и нивното трето дете

Рајан Рејнолдс сподели фотографија од прошетка во природа со сопругата Блејк Лајвли и нивното новородено бебе.

42-годишниот актер на фотографијата ја гали својата сакана на главата, додека го носи во кенгур малото бебенце, чие лице е скриено. Со описот на фотографијата многумина заклучија дека тој го открива полот на третото дете и дека тоа е женско.

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли

„Сакам моите ќерки да го искусат истото природно игралиште во кое растев јас. Кандидатот за кој ќе гласате на 21 октомври ќе ја ОБЛИКУВА КЛИМАТСКАТА ПОЛИТИКА. Горд сум на климатскиот напредок што го постигнавме во изминатите 4 години“ – напиша тој по повод претстојните избори во неговата татковина Канада.

Славниот холивудски пар дава сè од себе за да го задржи приватниот живот подалеку од очите на јавноста и на папараците. За третата бременост на 32-годишната актерка се дозна во мај, кога таа го придружуваше сопругот на премиерата на „Pokemon: Detective Pikachu“.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Пред две недели, извор близок до парот за „Us Weekly“ изјави дека Лајвли се породила на почетокот од летото и дека бебето има 2 месеци. Веста за породувањето никогаш не беше потврдена од парот.

Рајан и Блејк имаат уште две ќерки, 4-годишната Џејмс и 2-годишната Инез.

Пред неколку часа, убавата актерка сподели фотографија од фотосесија за Amazon.

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10371 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.